Џени Гарт која ја паметиме по улогата на Кели во „Беверли Хилс“ нема многу среќа во љубовта. Нејзиниот трет брак веќе пропаѓа.
Нејзиниот брак со актерот Дејв Абрамс траеше три години, а причина за разводот се големите разлики. Тие претходно беа привремено раздлени, но ниту оддалеченоста не им помогнала да ја спасат својата љубов.
Во брак стапија во 2015 година, по само шест месеци врска. Гарт претходно беше венчана со актерот Даниел Кларк, а потоа и со Питер Фасинели. Од вториот брак, кој траеше 12 години, има три деца.