Ако ја наследи Тереза Меј, Џонсон ветува дека ќе има поцврст став кон Трамп

88
Photo: EPA / ANDY RAIN

Доколку стане премиер на Обединетото кралство Борис Џонсон ветува дека ќе ги штити британските дипломати низ светот и дека ќе има цврст однос кон американскиот претседател Доналд Трамп, пренесоа британските медиуми.

Џонсон, кој важи за фаворит за наследник на Тереза Меј на лидерската позиција на британската Конзервативна партија и на премиерската функција, деновиве е особено критикуван дека не го поддржал британскиот амбасадор во Вашингтон, Ким Дарок, пред дипломатот самиот пред два дена да ја поднесе својата оставка.

Дипломатската кореспонденција на Дарок, во која амбасадорот ја опишува администрацијата на Трамп како „неспособна“, протече во британски весник, што го разгневи американскиот претседател.

Во телевизиската дебата со својот партиски противкандидат Џереми Хант, Џонсон не сакаше да застане зад Дарок поради што неговите колеги пратеници од  Конзервативната партија го обвинија дека го фрлил амбасадорот „под тркалата на автобусот“, за да не ги наруши своите односи со Трамп.

– Ќе се залагам за нашите фантастични дипломати низ светот – рече вчера Џонсон за време на митинг.

Тој, исто така, кажа дека и претходно го критикувал Трамп и истото ќе го прави и во иднина.

– Во Обединетото кралство не сме согласни со позицијата на САД за глобалното затоплување. . ., нити со нивниот пристап за иранскиот нуклеарен договор. Бевме цврсти и ќе продолжиме да сме цврсти во односите со САД – додаде тој.

Photo: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...