Ако умерено пиете пиво, ќе ви се продолжи животот

674

Според верувањата, пивото е најстариот алкохолно – освежителен напиток во човечката историја, а најновите истражувања на Универзитетот на Калифорнија говорат и дека едно пиво на ден позитивно влијае на крвта, циркулацијата, притисокот и нивото на холестерол.

Истражувајќи го влијанието на пивото врз гените, како што пишува списанието ПЛОС Генетикс, научниците дошле до сознанија дека пивото ги продолжува теломерите. Теломер е дел од хромозомот кој според својата должина го одредува животниот век и умирањето на клетката. Тоа ја намалува и веројатноста од рак за пет до седум отсто, сметаат научниците.

Секако, покрај умерената конзумација на алкохол, се препорачува и редовна физичка активност во позрелото доба, зашто и тоа, нормално, има позитивен ефект на продуктивен и квалитетен живот во „златните години“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...