Колкупати по обилната вечера сте си ветиле дека ќе бидете поумерени во храната и пијалакот, а желудникот ќе го поштедите од новите маки? Ако не сте им одолеале на искушенијата, обидете се да ги ублажите последиците.
– Лажичка сода бикарбона или јаболков оцет се сигурен „лек“ против мачнината. Сипете ги во вода и испијте штом ќе почувствувате дека сте претерале со јадењето.
– Последиците од калоричните оброци ќе ги „излекува“ и лимонот. Исцедете го во чаша вода и што побрзо испијте, бидејќи ова овошје го поттикнува варењето и го забрзува разградувањето на храната.
– Минералите, особено калиумот и магнезиумот, добро дејствуваат на желудникот и го ублажуваат чувството на подуеност, па покрај обилниот оброк би требало да ги внесувате во организмот. Најмногу ги има во зелениот лиснат зеленчук.
– Чаша црвено вино, кое содржи антиоксиданти, ги разградува мастите. Но, запамтете – 2 дл се „лековити“ за организмот, а сè што е повеќе од тоа само одмогнува и може да направи проблем.