Ако сакате патаување по Земјината топка: Осум месеци крстосување низ 59 земји за 76.000 евра

Бродот на своето патување ќе застане на 113 пристаништа во 59 држави, на секој континент, со исклучок на Антарктикот.

256

Пат околу светот за 245 дена – толку ќе трае најдолгото непрекинато крстосување со крузер што ќе исплови од Гринвич во август следната година.

Бродот на своето патување ќе застане на 113 пристаништа во 59 држави, на секој континент, со исклучок на Антарктикот.

Пловилото ќе го напушти Гринвич во август следната година, а патувањето ќе го заврши во мај годината потоа. Луксузниот крузер Викинг сан, во норвешка сопственост, ќе понесе 930 патници.

Но, за да се појде на ова патување по Земјината топка, потребни се околу 76.000 евра. На бродот ќе има класични музичари, предавања по историја и уметности и часови за готвење. Гостите ќе имаат на располагање базен и термален спа-центар.

Најголемата кабина, која чини 221.000 евра за лице, веќе е резервирана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...