Ако сакате да се вработите во оваа компанија, мора да го положите тестот со шолја кафе!

Шефот на компанијата тврди дека овој трик функционира и дека кујните во нивните канцеларии секогаш се многу чисти.

475

Шеф на австралиска фирма за изработка на сметководствен софтвер открил едноставен тест што го користи секојпат кога прави интервју за новиот член на компанијата. Трент Инес не вработува никој кој не го положил неговиот тест со шолја кафе, бидејќи верува дека тоа покажува повеќе за ставот отколку кое било прашање.

Всушност, секој кој нема да успее, се става на црната листа на компанијата.

– Секогаш ќе ве однесам во една од нашите кујни и некако секогаш ќе завршите со шолја кафе. Потоа, продолжуваме понатаму. Една од работата која секогаш ја гледам на крајот на интервјуто е дали личноста празната шолја ќе ја врати назад во кујната. Можете да развиете разни вештини, можете да стекнете знаење и искуство, но сè се сведува на ставот, а ставот за кој тука зборувам е нашиот концепт „измијте ја својата шолја за кафе“ – објаснил Инес.

Тој тврди дека овој трик функционира и дека кујните во нивните канцеларии секогаш се многу чисти.

– Тоа е, всушност, само гаранција дека луѓето навистина се вклопуваат во културата во нашата фирма – заклучува тој на крајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...