Ако Израел не обезбеди дозвола од САД, Хрватска ќе ги пренасочи авионите Ф-16

676
Хрватска денеска му постави на Израел краен рок до 11. јануари за надминување на недоразбирањата со САД околу продажбата на 12 авиони од типот „Ф-16 Барак“ на хрватското Воено воздухопловство.

Како што јави ДПА, хрватското Министерство за одбрана соопшти дека најдоцна до 11. јануари Израел „ќе мора да обезбеди дозвола од САД и да ги испорача авионите согласно договреното“.

Хрватска и Израел лани во март потпишаа договор за продажба на 12 израелски авиони на Загреб за сума од 445 милиони долари, но бидејќи станува збор за летала од американски производство надградени и модернизирани во Израел, за нивна продажба на трети земји потребена е согласност од САД.

– Доколку Хрватска не може да ги добие авионите што ги одбра, ќе ја поништи набавката на повеќенаменските летала – се наведува во соопштението на хрватското Министерство.

Хрватска е членка на НАТО од 2008 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...