Ако ви се заглави коска од риба во грлото, веднаш направете го ова

Постојат неколку методи кои ќе ви помогнат доколку не можете веднаш да отидете на лекар.

547

Дали некогаш ви се случило да јадете риба и да ви се заглави коска во грлото. При јадењето риба, често знае да се случи да ни се заглави коска во грлото. Затоа, внимавајте кога ја јадете. Коската некогаш не се забележува, бидејќи е навистина ситна.

Доколку до тоа дојде, секако посетете лекар, немојте да го земате здраво за готово.

Ова се некои од методите кои ќе ви помогнат доколку не можете веднаш да отидете на лекар:

Кашлајте – кашлањето е инстинктивна реакција која може да ви помогне. Кашлањето може да помогне и коската да се исфрли на наједноставен начин.

Маслиново масло – лажица маслиново масло може да ви помогне, секако, ако сте проголтале мала коска.

Банана – ставете малку банана во уста додека устата не стане влажна, а потоа проглтајте.

Побарајте медицинска помош – иако ова ви се чини неважно, би требало да побарате медицинска помош, бидејќи на тој начин успешно ќе ја отстраните коската од грлото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...