Ако ве мачи висок притисок, испробајте го овој чај

Иако не е вообичаен кај нас, треба да го испробате чајот од маслинки. Маслинките се исклучително здрави затоа што не се калорични, а богати се со железо, бакар и витамин Е. Чајот пак се прави од листовите и некои го сметаат и за замена за зелен чај

1603

Маслинките се исклучително здрави, а многу е пишувано и за маслиновото масло.Маслинките имаат многу малку калории, а богати се со железо, бакар и витамин Е. Одлични се за проблеми со варењето, го снижуваат високиот крвен притисок и добри се во борба против болките и кашлицата, па дури и против ракот.

Иако не е вообичаено на нашето подрачје да се пие чај од маслинки, тоа битребало да се смени бидејќи станува збор за напиток кој помага за намалување на високиот притисок, а некои го сметаат и за замена за зелениот чај.

Пиењето чај од листови од маслинки, кој е инаку и многу вкусен, ќе го спречат настанувањето на кардиоваскуларни болести, ќе го снижи холестеролот, ќе ви помогне да се ослободите од габичните инфекции и ќе делува антибактериски.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...