Фронтменот на загрепската група „Парни ваљак“ се појави на концерт во Виена наречен „Големо враќање“, пред полна салаво која публиката ги пееше хитовите заедно со Аки.
– Прекрасно е чувството да се вратам пред публиката. Свиревме околу два и пол часа, сè беше одлично. Се е во ред, се чувствувам добро, јас сум среќен што можам нормално да настапувам и пеам – рече легендарниот пејач.
Рахимовски по мозочниот удар неколку месеци одмараше дома, и сега тој е подготвен да се врати на неговата музика.
Опоравувањето беше бавно, а музичарот беше цело време оптимист.
– Не се грижете за мене, сè ќе биде во ред – изјави кратко.
Аки ги промени животните навики, се откажа од својата омилена храна, која неговиот лекар му ја забрани, и едвај чекаше да се врати на работа, бидејќи музиката е неговиот лек. Кафто, цигарите и зачинетата храна сега се минато.
– Внимава на исхраната, сега сè е засновано на полесна храна, медитеранска кујна. Ги остави цигарите и кафто. Се придржува на советите на лекарот – рече менаџерот на бендот Дино Бахтијаревиќ.
ФОТО: jutjub