Азуки гравот е идеален за детоксикација, но и за намалување на холестеролот и на крвниот притисок

Овој ситен, темно црвен грав се одгледува од дамнина и е идеален за детоксикација на организмот. Обликот му е сличен на обликот на бубрезите, а токму тие се врвни сојузници во борбата за вашето здравје. За жал, кај нас, овој грав не е многу популарен, но може да се најде во повеќето продавници за здрава храна.

584

Азуки гравот е ситен, компактен и со темноцрвена боја. Тој во кулинарството се употребува многу одамна. Азуки гравот поволно влијае на работата на гастроинтестиналниот тракт.

Тој ја подобрува работата на панкреасот и ја забрзува циркулацијата.

Како и повеќето мешунки овој грав е богат со нерастворливи растителни влакна кои го помагаат празнењето на цревата и елиминацијата на токсини од телото. Азуки гравот може да помогне и во намалување на холестеролот и побрзото губење на килограмите.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...