Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска ќе се сретне со делегација на Претседателството на Босна и Херцеговина, предводена од членот на Претседателството, Жељко Комшиќ.
Средбата, како што информираат од Стопанската комора, се одржува во насока на унапредување на економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина.
Ќе се дискутира за планираните и преземените конкретни заеднички активности меѓу двете земји кои се од интерес за бизнис-заедницата во регионот.