Азески: Со сериозен пристап во одделни сегменти бизнисот може да испорача раст од 3,5 отсто

Азески, меѓутоа, потсети на случувањата во регионот кои можат да се одразат врз македоснката економија.

211

Претседателот на Стопанската комора е оптимист во однос на остварувањето на економскиот раст од 3,5 отсто предвиден од Владата за следната година.

– Очекувам со еден сериозен пристап кон одредени сегменти кои се значајни економијата да испорача таков раст. Меѓутоа се потребни одередени корекции во однесувањето на локалните власти бидејќи тие имаат ниска инвестициона реализација.Преку лоцирањето на проблемите и нивно отклонување се отвора перспектива за ваков раст – рече Азески.

Меѓутоа, како што рече, треба да се има предвид и економското опкружување кое во регионот е неповолно поради случувањата во рамки на ЦЕФТА договорот.

– ЦЕФТА договорот е веќе мртов. Тоа може да се види, ако се погледаат податоците за размената во рамки на ЦЕФТА која изнесува само осум отсто. Со германија имаме размена од 4 милијарди евра, а со најблискиот сосед само 300 милиони евра. Ние во регионот поради последните актуелни состојби Србија-Косово и непочитувањето на ЦЕФТА договорот даваме сигнали дека не сме подготвени за влез во Европската унија – вели Азески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...