Азески на состанок на Коморскиот инвестициски форум во Подгорица

EUROCHAMBRES, ги поддржува процесите на интеграција на Балканот, а притоа мошне значајно е почитување на владеењето на правото за поттикнување на инвестиционите иницијативи во регионот.

73

Коморите мора да го поттикнуваат развојот на меѓусебната трговија, инвестициите, што покрај процесот на дигитализација во регионот, се многу значајни за заедничкиот европски пат. Ова е пораката на еврокомесарот Јоханес Хан, која му ја пренесе претседателот на Eurochambres, Кристоф Лајтл на престедателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Сребата се одржа во рамки на седницата на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), што се одржа на 21 април 2018 година во Подгорица.

На работната средба, покрај претседателите на стопанските комори од регионот – членки на КИФ (Стопанската комора на Македонија, Црна Гора, Србија, Косово, БиХ, Албанија, Словенија и Хрватска), учествуваа и претседателот на EUROCHAMBRES, Кристоф Лајтл, и потпретседателот Волфганг Гренке, како и претставници од стопанските комори на Турција и Војводина, како и на слободните зони на Србија.

EUROCHAMBRES, беше речено на состанокот на КИФ, ги поддржува процесите на интеграција на Балканот, а притоа мошне значајно е почитување на владеењето на правото за поттикнување на инвестиционите иницијативи во регионот.

-Западен Балкан мора да придонесе за развојот на Европа. Коморите од Западен Балкан се соочуваат со европските предизвици – интеграција во бизнис-заедницата на ЕУ – истакна Лајтл.

Членките на КИФ ги разгледаа и заедничките иницијативи и проекти за намалување на невработеноста, првенствено на младите луѓе, преку воспоставување заеднички проекти за стручно образование, имплементација на дуалниот систем на образвание и обезбедувањето стручен и квалификуван кадар, во согласност со потребите на работодавачите, како заеднички предизвик за соочување со невработеноста на земјите од регионот. Исто така, во наредниот период, КИФ своите активности ќе ги насочи кон унапредување на онлајн – Инвестиционата платформа, активностите околу Форумот за регионално поврзување, односно развој на единствен економски простор, како и други значајни регионални проектни активности.

Пишува: Елена Милевска Штрбевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...