Азески: Земјоделството нема доволен третман за она што го дава

Димковски во Комората се соочи со коментарите на бизнисмените околу политиките кои што ги започна владата во земјоделството.

250

Бизнисот мора да биде сигурен дека она што е договорено реално и ќе биде остварено без оглед кој ќе биде на власт, затоа што ова не се процеси што завршуваат со мандатот на оваа Влада тие продолжуваат и со другите влади. Стопанските субјекти мора да бидат сто отсто сигурни дека тие ќе бидат испочитувани и од другите влади. Владеењето на правото е услов без кој ова ништо не може,изјави Брано Азески, претседател на Стопанската комора коментирајќи го новиот концеп во земјоделството презентиран од министерот за земјоделство Трајан Димковски пред бизнисмени од секторот земјоделство.

-Не е доволно да се почнат промени без да се има цел, тим кој ќе ги реализира и вистинска реализација, а не застој и промени со промената на власта – рече Азески.

Тој, како што рече, смета дека земјоделството нема доволен третман за она што го дава како втор сектор кој го формира домашниот бруто производ, а тоа треба да се промени.

– Треба да видиме цел, да видиме тим и средства обезбедени за таа намена. Ако не го видиме тоа, нема да веруваме никому – додаде Азески.

Според него, во иднина покрај исполнувањето на договреното во односот со бизнисот, ќе треба да се расчистат три диспаритети: односот на капиталот и трудот, односот на издржувано и активното население и континуитетот во спроведувањето на прописите при промена на власта. При тоа државата, локалната самоуправа и приватните инвеститори треба да бидат усогласени.

Димковски во Комората се соочи со коментарите на бизнисмените околу политиките кои што ги започна владата во земјоделството.

– Дали се работи за нов развоен концепт или е само алиби на владата да го премости мандатот – праша Азески.

Димковски појасни дека проектите кои се планираат во земјоделството не се врзани со мандатите , туку треба да обезбедат сигурна основа за развојот на земјоделството и отворањето на новите пазари за зголеменото производство.

-Земјоделството веќе не може да се гледа низ процесот на пресметката за колку треба да се зголемат субвенциите, туку се што се планира мора да произлегува од движењето на пазарот и актуелниот однос на светот кон животната средина. Треба да се инвестира и во нови стандарди и нови производи, бидејќи пазарите не сакаат неквалитетни производи и производи кои се создавање во небезбедна животна средина. Тоа се и дел од клучните точки на кои се развива новиот концепт во земјоделството- рече Димковски.

Тој информира дека дел од инвестициите кои ќе се реализираат наредната година се во обезбедување услови за водоснабдување, развој на откупните фирми како и дигитализација во производството и мерење на квалитетот на произведеното. Во сето тоа клучно ќе биде да се заштити животната средина.

Претставник од млечната индустрија праша како ќе се обезбеди подобар квалитет на суровото млеко и опаѓањето на бројот на млекопроизводители во услови кога се уште нема доволен број големи фарми, на што доби одговор дека ќе се продолжи со субвенционирањето и олеснувањето на увозот на млечни крави.

Бизнисмените се интересираа и за развојот на сточарството, поледелството, распределбата на земјиштето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...