Азески: Европските правила да важат по влезот на Македонија во ЕУ

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денеска изјави дека ја поддржува владата во процесот, но додаде дека Македонија треба да се избори сите правила на Европската унија да не важат за компаниите до приемот на земјата во Европската унија.

192

Стопанската комора бара македонските компании од челичната индустрија да бидат изземени од европските правила кои стапуваат на сила од февруари.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денеска изјави дека ја поддржува владата во процесот, но додаде дека Македонија треба да се избори сите правила на Европската унија да не важат за компаниите до приемот на земјата во Европската унија.

– За малите земји поставувањето на европски услови пред да бидат примени во Унијата создава проблеми. Ние се залагаме сите правила и услови кои важат во ЕУ да не се применуваат однапред, бидејќи , според нашето искуство, приемот може да се одлага со години – рече Азаски.

Тој рече дека се реализираат и контакти со европската комора за да се направи притисок ова да се реализира.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...