Азески во „Бимилк“: Заедно ќе се избориме со неповолните состојби во млекопроизводството

Азески и Петрушев се убедени дека ќе успеат да ги надминат проблемите во млекопроизводството.

324

Иницијативите за партнерства со трети страни со цел унапредување на земјоделството, но и предложување нови политики што ќе придонесат за зголемување на сточниот фонд и преработувачките капацитети биле тема на разговор на денешната средба на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и генералниот директор на млекарницата „Бимилк“ Ѓорѓи Петрушев.

– Убеден сум дека со помош на иницијативите на Бимилк и на Групацијата ќе успееме заедно да се избориме со неповолните состојби во млекопроизводството. Големите производни потенцијали на Млекара Битола, добриот имиџ и изградената доверба кај македонските потрошувачи се и повеќе од доволен показател за способноста на компанијата да се носи со предизвиците – изјави Азески.

Петрушев рече дека како претседавач на Групацијата, „Бимилк“ дава значаен придонес во креирањето предлози за политиките во агрокомплексот.

– Радува фактот што преку Комората успеваме да ги артикулираме нашите иницијативи, а и натаму ќе дејствуваме во насока на зголемување на интензитетот на работење на Групацијата. Меѓу другото, еден од начините за унапредување на нашата соработка се и иницијативите за партнерства со трети страни со цел унапредување на земјоделството, но и предложување нови политики што ќе придонесат за зголемување на сточниот фонд, преработувачките капацитети и, секако, за отворање нови можности – изјави Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк по средбата.

Како дел од можностите за унапредување на соработката беа истакнати и континуираните заеднички заложби за застапување на интересите на пазарот пред надлежните институции и органи, отворањето соработка со трети страни и сродни компании од земјата и регионот, иницијативите за заедничка набавка на суровини и репроматеријали за процесот на производство, приспособувањето кон регулативите на ЕУ итн.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...