Азески во Бања Лука ќе дискутира за предизвиците на индустриската револуција

Азески, како што инофрмираат од Стопанската комора,  ќе има свое обраќање на панелот посветен на прашањата за инвестициските политики на земјите во развојот на дигиталната ера, со презентација на моделите и стратегиите за забрзан развој на малите земји преку примерот на Македонија.

49

Предизвиците на четвртата индустриска револуција ( т.н. Индустрија 4.0), и нејзиното влијание на деловните активности, преку развојот на дигиталните, физичките и биотехнологиите, како и потребата од синхронизација на активностите на универзитетите, деловната заедница, владите и другите релевантни институции, во насока на максимизирање на придобивките кои може да ги донесе процесот на дигитализацијата се во фокусот на 13. Меѓународен симпозиум за корпоративно управување на тема: „Дигитална економија – двигател на економскиот раст“, кој се одржува во организација на Економскиот факултет при Универзитетот во Бања Лука.

На Симпозиумот кој ќе се одржи од 16 до 18 мај ќе учествува и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Говорниците на симпозиумот ќе се осврнат на неколку клучни аспекти на дигитализацијата – нејзиното влијание на иднината на сметководствените и ревизорските практики, на справувањето со „сивата“ економија, предизвиците на патот на развојот на малите домашни компании во модерни меѓународни корпорации и придонесот на дигиталните технологии во тој развој, потребата од постоење интеракција помеѓу деловниот сектор и универзитетите и придонесот на образовниот систем за обезбедување институционална поддршка на дигиталниот развој, но и улогата на различните чинители во спроведувањето на новата индустриска трансформација – креаторите на инвестициските политики, локалната самоуправа, банкарскиот сектор.

Азески, како што инофрмираат од Стопанската комора,  ќе има свое обраќање на панелот посветен на прашањата за инвестициските политики на земјите во развојот на дигиталната ера, со презентација на моделите и стратегиите за забрзан развој на малите земји преку примерот на Македонија, со осврт на централното прашање на симпозиумот – дали индустриската револуција 4.0. претставува прилика за малите земји во развој, како што се земјите од регионот, за постигнување одржливо ниво на конкурентност и високи стапки на економски раст, и што можат малите земји во развој да направат за да ги забрзаат овие процеси?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...