Аеродромци од Скопјанка уште се под ведро небо, чекаат инспектори да направат увид

522

Жителите од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“, во скопската општина Аеродром, кои дочна попладнево беа евакуирани поради остар мирис кој го отежнува дишењето, се уште се надвор.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томески за МИА изјави дека повредени нема. Во тек е интервенција и известени се и другите служби. Околу 18 часот, појасни, добиле телефонска дојава од граѓаните за мирис кој што се ширел во ходниците од влезот по што веднаш на терен испратена е една екипа со пет пожарникари, кои пристапиле со евакуација на луѓето и при тоа употребиле заштитни маски.

– Миризбата што ја почувствувале граѓаните го иритира грлото и пречи на дишењето и беше неопходно станарите да се евакуираат на безбедно, рече Томевски.

Вечерва жителите ги посети скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој изјави дека се чекаат единици на АРМ за радио-хемиска и биолошка деконтаминација, која ќе дојде со инструменти да го измери квалитетот на воздухот. Повикани биле и инспектори од Министерството за животна средина и просторно планирање и од Институтот за јавно здравје за да се утврди дали е безбедно враќањето во зградата.

Според првичните информации, пријавено е во полиција дека некој фрлил непозната материја во еден од влезовите.

Во тек е увид од страна на полицијата, а на терен се противпожарно и амбулантно возило

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...