АД ЕЛЕМ потпиша четири меморандуми за соработка со стручни училишта и со факултети од Битола

176

АД ЕЛЕМ потпиша четири меморандуми за соработка со четири стручни училишта и факултети од Битола.

Во просториите на Подружницата РЕК Битола, потпис на документите кои треба да дадат формално правна рамка за продлабочување на соработката, ставија генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драган Миновски од една страна и директорите на средните училишта Ѓорѓи Наумов и Таки Даскало, како и деканите и продеканите од Техничкиот факултет и Факултетот за информатички и комуникациски технологии, од друга страна, соопшти компанијата.

Генералниот директор на ЕЛЕМ Миновски, порача дека со овој чин Државни електрани на Македонија сакаат да им помогнат во образованието на младите кадри чија иднина ја гледаат во Македонија.

– Покрај теоретските и практичните знаење што ќе ги стекнат младите луѓе, наша цел е и да имаат увид како работи Комбинатот и да имаат можност понатаму да се приклучат во нашата работа. Целта е да воспоставиме блиска врска меѓу наставно-научните совети и РЕК Битола, се со цел да соработуваме во делот на помош, усовршување на младите кадри. Другата цел е да покажеме дека и ние како АД ЕЛЕМ се грижиме за младите луѓе, им подаваме рака и да им покажеме и да докажеме дека нивните иднина ја гледаме тука во Македонија во РЕК и другите подружните на ЕЛЕМ, рече Минивски.

Со Меморандумите за соработка ќе се обезбедат исти услови за студентите и средношколците што доаѓаат на пракса какви што имаат и вработените, најави директорот на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, Васко Ковачевски.

– Со потпишувањето на Меморандумите за соработка сакаме да ги поттикнеме младите во Битола да се запишуваат на техничките науки, да ја градат својата иднина во Битола. Секако дека РЕК Битола ќе биде местото каде тие понатаму ќе ја оставруваат својата работа и ќе ги прехрануваат своите семејства. Сакаме да поставиме нови принципи и методи на соработка со средните училишта и факултетите. Ќе им овозможиме услови на средношколците и студентите подеднакво исти со условите на вработените. Ќе биде обезбеден превоз, храна, лични заштитни средства“, најави директорот на РЕК, Васко Ковачевски.

Директорот на Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“, Владимир Роме изрази надеж дека со ваквите чекори ќе се зголеми интересот на учениците кон техничките науки. Но, укажа на пробелемот што се јавил со воведувањето на задолжителното средно образование со намалениот бројот на ученици во тригодишното образование, кое пак дава занаети од кои РЕК има потреба.

Директорката на СОУ „Таки Даскало“, Елизабета Наумовска, рече дека со потпишаните меморандуми ќе се олесне соработката која досега се одвивала врз основа на посебни барања.

Потпишувањето на Меморандумите за соработка го поздравија и Деканот на Техничкиот факултет Битола, д-р Стојанче Нусев и Продеканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, д-р Никола Рендевски изразувајќи надеж за плодна соработка во иднина со АД ЕЛЕМ и Подружницата РЕК Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...