Адријана Лима во најкраткото мини фустанче на светот го привлече вниманието (ФОТО)

Триесет и седум годишната бразилска манекенка Адријана Лима во Париз спојува забавно со корисно, односно работата со задоволството.

671

Триесет и седум годишната бразилска манекенка Адријана Лима во Париз спојува забавно со корисно, односно работата со задоволството. Преку ден носи ревии на Модната недела во Париз, а навечер е на гламурозни забави.

На Модната недела во Париз на ревиите веќе ги носеше моделите на Miu Miu и Schiaparelli Haute Couture, по што веднаш се пресоблече во дрес на Бразилската репрезентација за да ги бодри на Светското фудбалско првенство.

Пред две вечери уживаше на забавата на „Вог“, каде пристигна во минијатурен фустан со кој го привлече вниманието. Сребрениот фустан ги откри долгите нозе на манекенката, а за да биде впечатокот целосен додаде и мала чантичка и светкаво палто. Оваа убавица изгледот го надополнила со впечатлив црвен кармин.

Лима во Париз стигна сама, без 35-годишното момче Матино Харе, со кого е во врска една година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...