Администрацијата на Трамп ја блокираше продажбата на израелски авиони на Хрватска

202

Администрација на американскиот претседател Доналд Трамп ја блокира продажбата на 12 израелски воени авиони од типот Ф-16 на Хрватска, пишува „Јутарњи лист“.

Како што е наведува весникот Администрација на Трамп наводно е „бесна“, бидејќи Израелците ги модернизирале старите авиони со современа израелска технологија, за да ја убедат Хрватска да ги купи нивните летала.

Американците тврдат дека Израел не смее да продава авиони без нивна согласност, особено не на тендер каде што и тие се пријавиле, наведува „Јутарњи лист“.

На тој начин, според весникот, продажбата вредна 500 милиони долари е доведена во прашање, бидејќи американски официјални претставници тврдат дека Израел бил неискрен и се обидел да заработи на сметка на САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...