Министерството за трговија на САД издаде привремена лиценца со која се дава одобрение на американските компании да продолжат да работат со Хуавеј во следните три месеци во обид да ограничат последици од извозни ограничувања за кинескиот производител на телекомуникациска опрема, објави Фајненшал тајмс.
Со лиценцата се намалуваат претходно наметнатите ограничувања на американската влада да забрани продажба на технологии од кинескиот Хуавеј.
Привремената дозвола ќе трае до 19 август.
Од 16 мај стапи на сила наредбата на американската администрација со која кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј Технолоџис се става на т.н. црна листа во САД.