Адеми: Советниците ќе земаат симболични 4.000 денари месечно

974

Новиот советнички тим  на министерот за култура Асаф Адеми, кој брои 15 советници ќе добиваат месечено по 4.000 денари надомест за советување на министерот или за нив од буџетот на култура ќе се издвојува нешто помалку од 1.000 евра месечно.

Адеми за Плусинфо вели дека станува збор за сомболичен надомест, бидејќи станува збор за еминентни лица кои членуваат во Советот за култура.

– Бројот на членовите на Советот за култура е еднаков како и на претходниот министер Роберт Алаѓозовски. Тие месечно ќе добиваат по 4.000 денари, што значи месечно за нив ќе се издвојува околу 1.000 евра, односно симболична сума – ни изјави Адеми.

Според Законот за културата, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот од неговата законска надлежност. Советот се свикува по барање на министерот, а мандатот на членовите е во траење со мандатот на министерот.

Членовите на Советот ги именува министерот за култура, од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и од јавниот и општествениот живот, по принципот на компетентност и на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.

Советници за култура на министерот Адеми се: Претседател на ова стручно советодавно тело на министерот е професор Исмаил Барди. Ченови на Советот се: Ѓунер Исмаил, професор по филозофија, проф. д-р Мирослав Грчев, редовен професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ, Петар Арсовски, дипломиран актер, проф. д-р Владимир Милчин, професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ (во пензија), м-р Весна Илкова-Гиновска, вонреден професор на Факултетот за музичка уметност при УКИМ и првенец при Операта на МОБ, Зоја Бузалковска, професор,  Ариф Зибери, уметник музичар, Антон Серечи, новинар публицист, Ромир Имами, уметник, Али Пајазити, професор по филозофија, Неџбедин Бајрами, филолог, Мируше Хоџа, филолог, д-р Александар Прокопиев, професор по компаративна книжевност и Јован Балов, ликовен уметник.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...