Адеми се сретна со претседателот и членовите на Комисијата за основање театар во Гостивар

273

Министерот за култура Асаф Адеми денеска се сретна со иницијаторската група, т.е. Комисијата за основање театар во Гостивар.

На средбата, како што соопшти Министерството за култура, присуствувале и режисерот Сулејман Рушити, претседател на Комисијата, како и Берат Салиу и Арѓент Хасани, членови на Комисијата.

Било договорено до 30 септември Комисијата да изготви информација до Владата на Република Македонија за потребата за основање на оваа институција.

Министерот Адеми изразил подготвеност да помогне на оваа иницијатива, изразувајќи ја добрата волја за нејзино реализирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...