Авторката Лаура Докрил (32) напиша исповед, во која говори дека англиската пејачка Адел (30) ѝ го спасила животот со тоа што ја препознала нејзината психичка болест. Лаура, која родила син во февруари, била во многу лоша состојба по породувањето.
Адел ѝ сугерирала дека можеби има постпородилна психоза и дека треба да побара стручна помош. Кај жената била дијагностицирана параноја.
Во најлошите мигови од нејзината состојба, Лаура ги молела своите мајка и сестра да ја пуштаат да умре, го обвинила сопругот дека сакал да ѝ го киднапира детето и често го заборавала својот идентитет, па сопругот морал да ја потсетува со фотографии.
– Последните шест месеци може да ги опишам само како пекол – изјавила Лаура, додавајќи дека по советот од Адел поминала две недели во болница, а по лекувањето и негата, сега е среќна и силна жена.
Адел и самата по раѓањето на својот син беше во постпородилна депресија. Таа на жените им порачува да говорат за проблемите, затоа што така можат да го спасат својот или туѓ живот.
ФОТО: Твитер