Адел заработува милиони, а нејзиниот татко едвај составува крај со крај

Со ќерката Адел, Еванс ги прекинал сите контакти во 2011 година откако во интервјуто одлучил да проговори за нејзиното напуштање во детската возраст и како тој факт влијаел на нејзиниот љубовен живот.

745

Според наводите на британските медиуми, 55-годишниот Марк Еванс, кој со години не разговара со својата славна ќерка Адел по спорното интервју, за живот во моментот заработува како доставувач на курирската служба „Јодел“ со дневна заработувачка од околу 50 фунти.

Со ќерката Адел, Еванс ги прекинал сите контакти во 2011 година откако во интервјуто одлучил да проговори за нејзиното напуштање во детската возраст и како тој факт влијаел на нејзиниот љубовен живот.

Како што известува британскиот таблоид „Сан“, Еванс во моментот живее во изнајмена куќа во градот Бридџенд во Јужен Велс, а за живот заработува со испорачување пакети за курирската служба „Јодел“. Како што понатаму наведува таблоидот, Еванс се пожалил на пријателот дека е скршен поради својот однос со Адел како и дека само би сакал да им биде „нормален дедо“ на своите внуци.
Марк, всушност, нема живот, тој само постои. Претходно работел како водоинсталатер, а пред неколку месеци ја прифатил работата како доставувач.

Во интервјуто кое довело до нивно потполно разделување, Еванс ја преземал одговорноста за своите неуспеси како татко напуштајќи ја Адел кога имала три години и притоа препуштајќи ѝ одгледувањето на нивната мајка (неговата сопруга) Пени Адкинс. Пред големата кавга кога следувала во 2011 година, Марк Еванс се трудел да биде близок со Адел која празниците ги поминувала со неговите родители и со својот полубрат Камерон.

Смртта на дедото на Адел, Џон, во 1999 година и долгата битка со алкохолот, Еванс ја обвинува за несредениот однос со ќерката признавајќи дека со месеци безуспешно ѝ праќал писма, како и дека никогаш не се откажал од надежта дека еден ден ќе ги види своите внуци.

– Се чувствувам беспомошно во напорите да го променам нејзиното мислење – истакнал Еванс зборувајќи за славната ќерка чие богатство се проценува на околу 140 милиони фунти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...