Четири лица се повредени откако автобус влетал во трафика во Србија. Несреќата се случила денеска околу 10:30 часот.
Како што пренесуваат српските медиуми, автобусот прво удрил во бело југо, а потоа во напуштената трафика.
Предниот дел на автобусот е потполно смачкан, стакло имало на секаде, а полицијата е на лице место.
Министерството за внатрешни работи потврдило дека четворица се повредени по незгодата.
– Се врши увид, по кој ќе се знае причината за несреќата – било соопштено.
ФОТО: Владимир Шпорчиќ / Курир.рс