Австрија подготвува мерки за заштита на јужната граница

поред Виена, германските размислување уште еднаш покажуваат колку е важна заедничката европска заштита на надворешните граници ,

55

Владата на Австрија започна да подготивува мерки за заштита на јужната граница на земјата, се наведува во денешното заедничко соопштение на австрискиот канцелар Себастијан Курц, вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе и шефот на дипломатијата Херберт Кикл.

Во документот се наведува дека Виена очекува разјаснување на ставот на Германија, откако двете владејачки партии – Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер синоќа постигнаа договор за политиката кон азилантите и за отворање на транзитни центри на границата со Австрија.

Тројцата австриски лидери посочуваат дека Владата на Австрија е „подготвена за сите сценарија“.

– Договорот меѓу ЦДУ и ЦСУ укажува на тоа дека Грманија ќе предложи национални мерки за спречување на мигрантскиот бран. Ако тој договор стане и став на германската Влада, тогаш ќе бидеме принудени да дејствуваме за да ги спречиме негативните последици по австриското население. Австриската Влада е поодготвена да преземе мерки, пред се, на јужната граница, се наведува во соопштението.

Според Виена, германските размислување уште еднаш покажуваат колку е важна заедничката европска заштита на надворешните граници и ја потврдуваат позицијата на Австрија дека Европа без внатрешни граници може да функционира само при функционални надворешни граници.

Во соопштението се посочува дека Курц денеска телефонски разговарал со Зехофер, кој од него побарал поддршка од Австрија и најавил дека што е можно поскоро ќе ја посети Виена „за да ги разјасни сите нејаснотии“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...