Започна гласањето на предвремените избори во Австрија, кои се одржуваат по објавување на видео – скандалот поради кој пропадна коалициската влада.
На снимката која беше објавена во јавноста, се гледаше австрискиот потпретседател Хајнц-Кристијан Штрахе како ветуваше владини договори на жена која се претставува како внука на руски олигарх.
Се очекува победа на конзервативниот лидер Себастијан Курц, кои сепак ќе мора да бара коалициски партнер за мнозинство во парламентот, а останува прашањето кого ќе избере.
Курц рече дека ќе разговара со сите партии доколку победи на изборите. Неговите две можни опции повторно се коалицијата со Слободарската партија или со Зелените и либералниот Неос. Центристичката коалиција со социјалдемократите е можна, но е малку веројатна поради нивното секашно лидерство.
Анкетите покажаа дека гласачите најмногу се загрижени за природната околина, што им помогна на Зелените сега да имаат поддршка од 13 отсто, откако на последните избори во 2017 година освоија само 4 отсто и не го минаат изборниот пра