Заварувачи, електроинженери, готвачи, сметководители, ѕидари касапи и уште 40 други професии се дефицитарни во Австрија, а ги има во земјите надвор од Унијата.
Австрија воведува и посебен картон за квалификувани клучни работници и планира да ги тргне бирократските пречки како што се неколкугодишно професионално искуство и завршена обука, најмалку 3.078 евра месечна бруто заработка кај работодавачот, долгорочен договор за закуп на престојувалиште итн.
За вработување покрај работодавач кој има потреба од соодветата професија, потребна е и работна дозвола. Станува збор за таканаречена „црвено-бела-црвена карта“ или „Rot-Weiss-Rot-Karte“, за која кандидатот аплицира во Амбасада, откако веќе ќе пронајде работодавач. За побрзо вработување и добивање на оваа дозвола потребна е квалификацијата да е на списокот од 45 дефицитарни професии.
Критериумите по кои се одредува кој ќе добие „црвено-бела-црвена карта“ се квалификациите, работното искуство, познавањето на јазикот, возраста и студии во Австрија (за висококвалификувани професии).
Оваа карта обезбедува дозвола за работа и престој од времетраење од 12 месеци.