Австрија бара реформи во ЕУ

Курц истакна дека политичкото опкружување на ЕУ не станало поедноставно, укажувајќи дека САД станале тешко предвидлви, дека постојат тензии со Русија, како и загрижувачката ситуација во Турција, но и војната во Сирија.

89

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска се заложи за поединствена и пофокусирана ЕУ со помала администрација во Брисел.

Во говор на Европскиот форум Вахау, во манастирот Гетвајг, тој нагласи дека дискусијата на членките мора да се води на фер и рамноправна основа, и оти мора да се работи на јакнење на принципите на субсидијарност.

Курц истакна дека политичкото опкружување на ЕУ не станало поедноставно, укажувајќи дека САД станале тешко предвидлви, дека постојат тензии со Русија, како и загрижувачката ситуација во Турција, но и војната во Сирија.

Во врска со излезот на Велика Британија од ЕУ, Курц рече дека Унијата за првпат во својата историја е соочена со такво нешто.

Тој се заложи за укинување на системот на две седишта на Европскиот парламент, но и за помала администрација во Брисел.

Курц повтори дека целта е да се зајакне заштитата на надворешните граници, додавајќи дека треба да се создаде ситуација во која мигрантите воопшто да не тргнат на пат кон Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...