Австриското обвинителство се откажа од истрага за аферата со наводната внука на руски милијардер

329

Обвинителството за стопански криминал и корупција се откажа од истрага за нелегално финансирање на партијата на поранешниот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе и Јохан Гуденус, во врска со аферата „Ибица“.

Обвинителството истакна дека истрагата за пронвера се уште е во тек и оти после анализа на податоци одлучено е, во врска со некои пријави, да се откаже од покренување истражна постапка.

Се работи, пред се, за барања за финансирање на партијата.

Штрахе беше принуден да се повлече од политиката и Владата откако се појавија видео снимки од Ибица од пред две години на кои се слуша како на една наводна роднина на руски милијардер и нуди државни зделки за финансиска поддршка за неговата партија.

Обвинителството заклучи дека во јули 2017 година Штрахе не бил на власт, па така државни работи не биле во негова надлежност, па не постои ниту основа за кривично дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...