Австриски активисти бараат промена на името на виното Цвајгелт

78

Австриски активисти бараат промена на името на познатото австриско црно вино, кое е наречено по човекот што го создал Фридрих Цвајгелт (Friedrich Zweigelt), кој бил „страстен нацист“.

Виното Цвајгелт било создадено со вкрстување на виновите лози Санкт Лорен и Блауфренкиш, што во 1922 година му успеало на Фридрих Цвајгелт. Тој својата креација ја нарекол „Ротбургер“, а после неговата смрт виното било наречено по него.

Иницијативата „Институт без одредени особини“ ги критикуваше австриските винари затоа што, како ниту една друга стопанска гранка, молчат за нацистичкото минато.

– Молчат иако Цвајгелт бил „страсен нацист“, кој од април 1933 година бил член на тогаш забранетиот НСДАП – истакнаа претставници на иницијативата.

Активистите истакнаа дека Цвајгелт велел оти „лошиот сон е избркан со бучното чекорење на гермнаките војници“, и оти членови на локалниот отпор му префрлувале на Цвајгелт дека можел да спречи предавање на еден ученик на Гестапо, и дека лично профитирал од доаѓањето на нацистите.

Од 1938 година до ослободувањето на Австрија тој бил директор на образовна установа за вино и градинарство во Клостернојбург.

По завршувањето на војната го изгубил тоа работно место и бил ставен во затвор поради ширење омраза, но по само шест месеци бил ослободен.

Активистите бараат расветлување на минатото на Цвајгелт и информирање за нацистичката позадина, како и промена на името на овој вид вино.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...