Судски процес во Австралија против третиот човек во хиерархијата на Ватикан Џорџ Пел, кој е обвинет за сексуални злоставувања, ќе има и тој ќе трае 10 недели.
Окружниот суд во државата Викторија ќе одржи втор состанок на 16 мај, на кој ќе се планира процесот.
Кардиналот Пел, кој е финансиски советник на папата и шеф за финансии, се јави во суд во Мелбурн, каде ќе се води процесот.
Судијата Белинда Волингтон вчера побара тој да се појави во судот откако увиде дека тезата на обвинителите е доволно силна за да има судски процес.
Волингтон отфрли околу половина од обвиненијата, но детали за нивната содржина и колку се на број, не беа јавно објавени. Пел (76) тврди дека е невин.