Австралиски партии погодени од хакерски напад во Парламентот

35

Голем број австралиски партии беа погодени од хакерски напад во Парламентот на земјата, изјави премиерот Скот Морисон.

Претходно беше објавено дека сите пратеници морале да ги променат своите лозинки по кибер нападот врз компјутерската мрежа во Парламентот.

– Австралискиот Центар за информатичка безбедност неодамна откри малициозен упад во компјутерската мрежа на Парламентот. За време на работата, дознавме дека тоа се случило и со мрежите на некои политички партии – рече Морисон.

Тој, повикувајќи се на експерти, рече дека зад нападот „постои сложена организирана структура, исто како државна”. Според него, нема индикации за „мешање во изборите”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...