Австралиската Влада оддели 50 милиони долари за спас на загрозените животни

43
FOTO MIA

Австралиската Влада денеска најави 50 милиони долари за програма за заздравување на дивиот свет, по пожарите што доведоа до „еколошка катастрофа“ во земјата, каде се заканува уништување на неколку видови, вклучително и коали и валабии.

Огромни пожари уништија повеќе од 11,2 милиони хектари површина еднаква на половина од Велика Британија.

Според проценките, дури една милијарда животни, вклучително и добиток и домашни миленици страдаа во пожарите или им се заканува недостиг од храна и засолниште.

– Ова беше еколошка катастрофа што се уште се развива, рече шефот на Министерството за финансии Џош Фридренберг за време на посетата на болницата за коали Порт Меквари, каде 45 од овие животни беа третирани поради изгореници.

Меѓу загрозените животни се популациите на коали низ целиот југоисточен дел на Австралија, кенгури, црни какаду, папагали од западните мочуришта и малиот кенгур валаби.

Фридренберг истакна дека коалата како „симбол на Австралија“ ќе биде во центарот на финансирање на националната влада, при што се проценува дека 30 отсто од нивното живеалиште е уништено – шума со еукалиптус, кои коалите ги користат и за храна и засолниште.

Сепак, целокупниот степен на штетата ќе се знае само откако ќе се изгаснат сите пожари, а тоа би можело да се случи за неколку месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...