Авичи конечно погребан

624

Диџејот Авичи погребан е речиси два месеци откако е пронајден мртов во хотелска соба во Оман, на 20 април поради крвавење од повредите кои, наводно сам си ги нанел.

Тој е погребан на приватна церемонија за семејството и најблиските пријатели во неделата, во родниот Стокхолм. Џеси Вејст, американски музичар, објави на социјалните мрежи, на денот на погребот, фотографија на лист со ноти и црвени ливчиња од роза преку која го испишал вистинското име на Авичи, Тим Берглинг.

Ниту два месеци по смртта, причината и натамиу не е обелоденета, а дека веројатно станува збор за самоубиство, навело неговото семејство со писмото за јавност во кое напиша дека Авичи се борел со мрачни сили, но дека очигледно повеќе не можел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...