Авион принудно слета во Русија, откажал автопилотот

97
БЕСПЛАТНА ФОТО ПИКСЕЛС

Авион на ирачка авиокомпанија денеска принудно слета на аеродромот во Ростов на Дон, јужна Русија, по откажување на автопилотот.

– Авионот безбедно слета во 11.18 часот по московско време – изјави претставник на регионалните служби за безбедност за агенцијата ТАСС.

Авионот летал од Багдад во Минск, а принудно слетал на аеродромот Платов.

Други детали засега не се познати.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...