Романските власти соопштија дека авион на компанијата „Визер“, кој летал од Грузија кон Полска, бил принуден да слета на аеродромот во Букурешт поради закана од бомба.
Авионот Ербас А320 на линијата Кутаиси-Варшава безбедно слетал откако бил пренасочен кон Романија.
Портпаролот на Меѓународниот аеродром, Валентик Јордаке изјави дека авинонот, откако го напуштиле 173-та патници, е однесен на изолирана локација на пистата каде што е извршен претрес и скенирање на багажот.
Јордаке додаде дека заканата за бомба била добиена телефонски од женски глас.
Авионот полета пет часа подоцна кон Варшава, откако романските власти го завршија претресот.
ФОТО: Јутјуб