Патнички авион на „Ер Индија“, кој полета од јужниот индиски град Триџија кон Дубаи, удри во ѕид на аеродромот веднаш по полетувањето.
Авионот „Боинг 737“ на индиската национална авиокомпанија со 130 патници и шестмина членови на екипажот е пренасочен кон Мумбај, каде што слета безбедно.
Компанијата „Ер Индија“ соопшти дека на двајцата пилоти, кои заедно имаат повеќе од 6.500 часови летање, ќе им биде забрането управување со авионите се до завршување на истрагата.
ФОТО: видео