Авион на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ се врати денесека во Истанбул без патници, по наредба на властите во Сингапур, откако патник кој пристигна со истиот авион во вторникот беше позитивен за коронавирус.
Инфицираниот патник не е турски државјанин и од друга локација патувал од Истанбул до Сингапур, изјави турски претставник на авијацијата, додавајќи дека на летот ТК54 имало 143 патници, како и тројца пилоти и 10 членови на екипажот.
Официјален претставник на Сингапур изјави дека пилотите и екипажот ТК54 кои пристигнале во вторникот биле на повратен лет за Истанбул, каде ќе бидат ставени во карантин.
Претставник на авијацијата изјави дека екипажот е негативен за вирусот кога бил тестиран во Сингапур.
„Екипажот бил во близок контакт со сопатникот на летот ТК54 кој последователно се тестирал за „Ковид-19“, се вели во соопштението на Сингапурското цивилно воздухопловство (ЦААС).
Министерството за транспорт на Сингапур во изјавата на својата веб-страница соопшти дека властите се определиле да ги лоцираат патниците на летот ТК54, кој можеби имал контакт со заразено лице.
„Туркиш ерлајнс“ одби да коментира.
Сингапур има околу 112 потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус, но најголем делод пациентите во таа град-држава се опоравиле и се пуштени од болница.
Не се пријавени случаи на заразени со новиот коронавирус во Турција.