Авионот на Ким Џонг-ун забележан во Владивосток

Според јужнокорејската агенција Јонхап, авионот останал на аеродромот речиси три часа, а потоа заминал за Пјонгјанг.

197

Личниот авион на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун бил забележан денеска далеку источниот руски град Владивосток.

Според јужнокорејската агенција Јонхап, авионот останал на аеродромот речиси три часа, а потоа заминал за Пјонгјанг.

Нема докази дека Ким Џонг-ун бил во авионот.

Според неименувани извори на Јонхап, севернокорејски официјални лица можеби пристигнале во Русија за да го подготват учеството на лидерот на Источниот економски форум, закажан за септември во Владивосток.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, при посетата на Пјонгјанг, го поканил лидерот на Северна Кореја да ја посети Русија. Подоцна, Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател, информира дека Ким е поканет да учествува на овогодинешниот Источен економски форум. Пјонгјанг се уште не дал официјален одговор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...