Авионите летаат без патници, се бара укинување на правилото за чување на слотовите

Британски функционери веќе реагираа во прилог на заштита на авиокомпаниите. Тие предлагаат привремено да ја суспендираат примената на европските правила за слотовите додека трае епидемијата.

1564

Европските правила за слотовите на аеродромите за авиокомпаниите предизвикуваат проблеми во услови на ширење на коронавирусот и намалениот број на патници. За да го исполнат правилото кое предвидува авиокомпаниите да држат отворени 80 отсто од доделените слотови за да не ги изгубат, компаниите се принудени да возат празни авиони. При тоа нивните загуби поради огромните суми за гориво и за персоналот растат.

Британски функционери веќе реагираа во прилог на заштита на авиокомпаниите. Тие предлагаат привремено да ја суспендираат примената на европските правила за слотовите додека трае епидемијата. Правилата досега се укинати за летовите кон Хонг Конг и Кина.

Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај процени дека епидемијата би можела да предизвика загуби од 113 милијарди долари на име на помал број продадени билети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...