Авганистан одби да учествува на мировните преговори во Москва

121

Авганистан нема да учествува во мировните разговори што ги организира Русија, соопштија денеска двајца високи авганистански официјални претставници.

– Одлучивме да не присуствуваме на конференцијата во Москва – велат официјалните претставници од Министерството за надворешни работи на Авганистан, додавајќи дека владата на таа земја ќе одржи директни разговори со талибанците без какво било мешање на странски сили, пренесува Танјуг.

На конференцијата на 4 септември Русија гпокани 12 земји, вклучувајќи ги и САД, но Вашингтон ја одби поканата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...