Авганистан: Бомба експлодира во близина на училиште за акушерки

Портпаролот на провинциската здравствена служба Инамулах Мијакаил го потврди нападот но не соопшти дали има жртви.

46

Во Џалалабад, главниот град на источната авганистанска провинција Нангархар, денеска експлодираше бомба во близина на училиштето за акушерки, соопштија авганистанските власти, не наведувајќи дали има жртви.

Атахулах, Когјани, портпарол на провинцискиот гувернер, изјави дека станува збор за терористички напад и дека во близина на центарот на градот се слушнала силна експлозија.

Портпаролот на провинциската здравствена служба Инамулах Мијакаил го потврди нападот.

Ниту еден од официјалните претставници не соопшти дали има жртви.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но талибанските бунтовници и исламските државни борци се активни во источниот дел на Авганистан, особено во Нангархар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...