Абдулменаф Беџети веќе не е член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Во актуелниот Надзорниот одбор на НЛБ Банката се: Блаж Бродњак, претседател; Марјета Звер Цанкар, заменик претседател; Хедвика Усеник, член; Кристина Ковачич Бјелајац, член и Борислав Атанасовски, независен член.

954

НЛБ Банка, преку Македонска берза соопшти дека Абдулменаф Беџети повеќе не е член на Надзорниот oдбор на НЛБ Банка.

„Ве известуваме дека поради истек на мандат (22.02.2020), Абдулменаф Беџети повеќе не е член на Надзорниот oдбор на НЛБ Банка АД Скопје“, стои во соопштението на Банката.

Банката не информира кој ќе дојде на неговото место во Надзорниот одбор.

Беџети во актуелниот Надзорниот одбор беше независен член. Покрај него во актуелниот Надзорниот одбор на НЛБ Банката се: Блаж Бродњак, претседател; Марјета Звер Цанкар, заменик претседател; Хедвика Усеник, член; Кристина Ковачич Бјелајац, член и Борислав Атанасовски, независен член.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...