АББА се враќа со нова песна и виртуелна турнеја

295

Бјорн Улвеус од шведската група АББА, која се распадна пред 37 години, сега се враќаат со нова песна, како што тој вели – во септември или во октомври.

Составот, односно четирите членови: Улвеус, Бени Андерсон, Ани-Фрид Лингштад и Агнете Фалкстог претходно соопштија и дека планираат виртуелна турнеја со свои дигитални проекции и дека една од двете нови композиции ќе биде насловена „I Still Have Faith in You“.

АББА во една прилика најави и дека нивни компјутерски генерирани ликови, наречени „Аббатарс“ ќе настапуваат на емисии на Би-би-си и на Ен-би-си.

„Аббатарс“ е кованица од името на составот и зборот „аватар“ во множина. Улвеус изјави дека тие ќе изгледаат како самите музичари во 1979 година, кога тргнаа на својата последна турнеја.

Групата победи на Евровизија 1974 година, со песната „Wаterloo”. Други попознати хитови од 70-тите години од минатиот век беа „Dancing Queen“, „Mamma Mia“, „Fernando“, „Money, Money, Money“, „Take a Chance on Me“, „Chiquitita“ и други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...