Абас: Одлуката за Голанска Висорамнина што ја потпиша Трамп не е легитимна

85
ФОТО: EPA-SHAWN-THEW
Палестинското претседателство ги осуди одлуките на американската администрација за Ерусалим и за Голанска Висорамнина, истакнувајќи дека таквите одлуки се спротивни на меѓународното право и на меѓународната легитимност.

Палестинското претседателство повтори дека за сувереноста на тие територии не одлучуваат ниту САД ниту Израел, без оглед колку трае окупацијата и дека палестинското прашање, Ерусалим и неговите свети места, како и окупираните подрачја се палестински, арапски и меѓународна црвена линија кои не можат да се преминат.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека одлуката што вчера ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на израелскиот суверенитет над Голанска Висорамнина во Сирија не е легитимна.

– Ниту една одлука за суверенитетот над палестински Ерусалим или која било арапска територија не е легитимна – посочи Абас.

Тој додаде дека легитимирањето на одредена постапка за арапаско-израелскиот судир во целост зависи од резолуциите на Советот за безбедност на Обединети нации и Арапската мировна иницијатива.

Абас повторно ја осуди најновата израелска ескалација во Појасот Газа, неодамнешните репресивни мерки врз палестинските затвореници во израелските затвори, продолжувањето на израелската политика на напади и агресија врз светите места и окупираните палестински територии.

ФОТО: EPA-SHAWN-THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...