Аантологија за Григор Прличев по повод 190 години од неговото раѓање

111

Антологија за Григор Прличев по повод „Прличеви беседи – 2020“ под наслов „Антологија на ловорот (Творците за Прличев)“, со која би биле одбележани предлагаат 190 години од неговото раѓање, излезе деновиве од печат, а во издание на Општина Охрид. Составувачи на делото филологот и литературен критичар Димитар Пандев и поетот и есеист Славе Ѓорѓо Димоски.

Двајцата реномирани автори велат дека „Антологија на ловорот“ е студиозна ретроспектива на македонистичката прличевистика, од самите почетоци на македонската филологија како наука.

Прличев, посочуваат, е трајна преокупација на историографите и филолозите уште од негово време, пред сѐ, поради неговите нераскинливи врски со браќата Миладиновци, а уште повеќе поради неговиот грандиозен подвиг – добивањето на престижната награда „Ловоров венец“, за најдобра поема во 1860 година. Тој е предмет на интерес во раната охридска историографија и мемоаристика (Иван Снегаров, Кирил Прличев. Ѓорѓи Киселинов и други), во почетоците на македонската филологија (Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, Михаило Петрушевски и нивните ученици: Гане Тодоровски, Георги Сталев, Александар Џукески, Науме Целакоски, Тодор Димитровски), на научници од други области, филозофијата: Георги Старделов; социологијата: Никола Бошале; комуникологијата: Волф Ошлис, Рајмон Детриз и голем број други домашни и странски научници.

Григор Прличев е трајна инспирација и на авторите, поетите, велат двајцата, повторно почнувајќи од Блаже Конески и Гане Тодоровски; драматурзите: Иван Точко, Димче Маленко, Блаже Миневски, Венко Андоновски, писателите: Коста Фортомар, Ѓорѓи Сталев и други, но и на ликовните уметници: Јонче Симонче, Димитар Кондовски, Вангел Наумоски, скулптори, меѓу кои Боро Митриќески итн.

– Впрочем, во чест на Прличев се одржуваат и „Прличевите беседи“, на кои досега беседеле голем број творци, покрај некои веќе спомнатите и Томе Момировски, Томе Саздов, Атанас Вангелов и многи други. Најдоброто во нивните проучувања и уметнички достигнувања на тема „Прличев“ заслужува да влезе во една сублимирана антологија во која до израз би дошло грандиозното дело на Прличев, неговата рецепција во науката и неговата претстава во уметноста. Оттаму, слободни сме да предложиме антологија со поттикнувачки наслов „Антологија на ловорот“ со поднаслов „Творците за Прличев“, во која во едни корици би би биле концентрирани токму оние места од науката и уметноста во кои се посочува најреферентното, најубавото, но и најинспиративното за Григор Прличев, наведуваат иницијаторите составувачи на антологијата.

Книгата на околу 300 страници,  ќе биде промовирана на 6 февруари во рамки на Прличевите беседи 2020 година, во куќата на Прличев. Годинава се навршуваат, 190 години од неговото раѓање.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...